Аунг Сан Су Кји

Аунг Сан Су Чи:

Аунг Сан Су Чи е во притвор откако генералите извршија државен удар за соборување на нејзината влада на 1 февруари, со што беше ставен крај на краткиот период на демократско владеење во Мјанмар.

Индија во вторникот објави дека е длабоко вознемирена поради пресудата на Мјанмар за поранешната претседателка Аунг Сан Су Чи и повика на заштита на владеењето на правото и демократските процедури.

„Шокирани сме од неодамнешните пресуди. Како соседна демократија, Индија постојано ја поддржува транзицијата кон демократија во Мјанмар“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Ариндам Багчи во изјавата.